Жена загина во руски напад врз Киев, погодена станица на градското метро
Една жена загина, а три лица се повредени во руски воздушен напад врз Киев во текот на ноќта. Погодена е метро-станица на левиот брег на градот, а оштетена е и станбена зграда од 25 ката, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Во нападот биле погодени и други објекти, меѓу кои и здравствена установа, објави Кличко на „Телеграм“.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа соопшти дека САД повторно почнале да ѝ доставуваат клучни разузнавачки информации на Украина, за да ѝ помогнат во одбраната од руските ракетни напади.