Жена во шести месец од бременоста дома родила мртво бебе


 

Бремена жена родила мртво бебе дома во селото Драчевица, стои во полицискиот билтен.

Во недлеата, во 14.16 часот во Полициската станица Драчево, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека жена од село Драчевица, скопско, која била бремена во шести месец, во итна медицинска помош пријавила дека, додека била сама дома, родила мртво бебе.

Од лекар од Итна медицинска помош кај новороденчето била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.