Жена во Австралија со години спиела покрај трупот на својот мртов брат


Жена во своите седумдесетти години спиела покрај гнилиот труп на нејзиниот брат во куќа во богатото предградие Џилонг, југозападно од Мелбурн. Просечната цена на куќа во населбата Њутаун во моментот е 1,1 милион долари. На 29 декември 2022 година, полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата наишла на застрашувачка сцена – машки труп и куќа полна со стаорци и ѓубре.

За да стигнат до телото, форензичарите, во заштитни одела, мораа да прошетаат низ ѓубре од подот до таван, стаорци, мртви опосуми и човечки измет. Властите проценуваат дека жената спиела покрај трупот меѓу две и пет години. Како може некој да живее со труп пет години, а никој да не дознае?

„Постојано имаше смрдеа, но мислевме дека е од ѓубре“
Имено, соседите се жалеле до локалните власти за смрдеата која со години доаѓала од куќата, но ништо не било преземено. Стратон вели дека соседите мислеле дека непријатниот мирис доаѓа од ѓубрето и дека смрдеата на ѓубрето веројатно го маскира мирисот на тело во распаѓање.

“Имаше постојана смрдеа, но мислевме дека е ѓубре. Ролетните секогаш беа спуштени. Настрешницата беше полна со ѓубре. Секаде можеше да се видат стаорци. Беше одвратно”, рекол Стратон.

Полицијата всушност дошла да провери во каква состојба е братот кој никој не го видел од 2018 година, а потоа при претресот го пронашла неговото тело. Постарата жена подоцна била ослободена без обвинение. Судскиот лекар сè уште ја истражува причината за смртта на мажот. Имотот сега е празен веќе една година.