Жена и дете ранети во училиште во Германија


 

Жена и дете се ранети во уште неразјаснет инцидент во основно училипте во градот Еслинген на југозападот на Германија.

Полицијата наведе дека и понатаму се трага по осомничени за овој инцидент во градто во близина на Штудгарт, а во потрагата се користи и јхеликоптер, пренесе АП:

До сега не е јасно дали жртвите се ранети во училиштето или надвор од него, а не е утврден ни мотивот на нападот.

Германскиот весник „Билт“ јави дека напаѓачот е маж вооружен со нож, но полицијата не ја потврди оваа информација.