Железничка несреќа на пругата Штип-Кочани, нема повредени


Железничка несреќа се случила синоќа на пругата Штип-Кочани, при што повредени патници нема, но има материјална штетата. Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф“.

-Несреќата се случила во 19:55 меѓу стојалиштето кај Облешево и железничката станица Кочани помеѓу патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје-Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознакиуправувано од 21 годишниот  А.И од село Спанчево, вели Панајотова.

 Во незгодата причинета е материјална штетаУвид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Оваа година ова е прва железничка незгода на пругата Штип-Кочани.