Жбогар ќе се збогува со Македонија со 31 фотографија


Фото: Б. Грданоски

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска преку социјалните мрежи најави дека за 31 ден ќе ја напушти Македонија.

Најави дека во преостанатите денови ќе објавува по една слика на ден што ќе му остане во сеќавањата.

-Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум облиен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на сеќавањата од изминатите четири години, напиша Жбогар.