Захариева: Софија е против разделување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

– Бугарија е против разделувањето на Албанија и на Северна Македонија при започнувањето на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Захариева посочи и дека „бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да ја искористи за да и помага на Албанија“.

– Бугарија е подготвена да го поддржи со наставници и учебници изучувањето на бугарскиот јазик од нашето малцинство во Албанија, изјави Захариева..

Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспорот, економијата и туризмот, пренесува БГНЕС.