Жан Митрев открива: Син ми тргна по погрешен пат


Жан Митрев за Сител открива дека неговиот син Филан, кој во судот во Франкфурт е обвинет за тероризам, живеел во Германија и тој немал контакт со него последниве неколку години. Митрев смета дека синот Филан избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев за Сител.