Жан Митрев ја стави клиниката на располагање на државата

Клиниката „Жан Митрев“ ја поддржува иницијатавата на Владата за ставање на приватните капацитети на располагање во лекувањето на пациенти со Ковид-19.

„Вчера вечерта од медиумите дознав за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучат и приватните здравствени институции во справување со епидемијата предизвикана од ковид-19.Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање.Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата.Во меѓувреме ситуацијата со бројот на ковид-19 пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти, нема слободен кревет и има листа на чекање која секојдневно се зголемува.Работиме со полн капацитет и нашиот персонал е веќе преморен, а дел имаме и во изолација.Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети.

Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и целиот свој тим се ставаме на располагање, да помогнеме со нашето знаење и искуството кое го имаме од третирање на најтешките форми на инфекции од ковид-19.Околу разработка на дополнителни детали стоиме на располагање и очекуваме понатамошни детали и насоки од надлежните“, извести Митрев.