Зголемувањето на пензиите на седница на Советот за социјална сигурност


Фото: Б. Грданоски
– Во Владата денеска ќе се одржи вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите.
 
На состанокот со кој ќе претседава министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе учествува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. 
 
Владата најавува учество на експерти од ресорните министерства, од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, од Црвениот крст на Република Северна Македонија, од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, како и од повеќе приватни пензиски друштва.

По завршувањето на состанокот на Советот на социјална сигурност, предвидена е прес-конференција на која ќе се обратат премиерот Ковачевки, министерката Тренчевска и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.