Зголемен бројот на ученици кои се позитивни на Ковид-19


Фото: Независен

Доктор Александар Петличковски по состанокот на Комисијата за заразни болести соопшти дека е зголемен бројот на деца позитвни на Ковид-19.

– Се забележува намалување, подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба а за тоа особено не потсетува возрасна група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на број на нови случаи и тоа се школските деца кои ја следат наставата со физичко присуство. Во моментов нема простор за загриженост – рече д-р Петличковски.

Сепак, тој појасни дека зголемувањето од минатата недела, иако е 40 проценти тоа значи дека ако мината недела биле 200, сега се 320, што се 120 деца повеќе, а имаме повеќе од 1.000 училишта. 

Смета дека учебната година треба да продолжи со физичко присуство на учениците, а да се следат протоколите кое дете треба да оди во изолација или ако има потреба цело одделение да се прати дома. 

– Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко пристуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето, подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар.

На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар.