Зголемен бројот на работници во индустријата


Илустрација

 Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е поголем за 0,4 отсто. Во периодот јануари − јули 2023, пак, споредено со истиот период од 2022, зголемувањето е 0,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 2,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,0 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто.