„ZERO“ подари свечени фустани на девојчиња во згрижувачки семејства
„Zero brend” донираше два фустани од својата колекција за полуматурскaтa и матурската прослава на две девојчиња сместени во згрижувачки семејства.
„Zero” им ја посакува целата среќа на овој свет и ја поздравува грижата на СОС Детско Село за своите штитеници, како и потребата компаниите да ја подигнат својата општествена одговорност за поддршка на младите од ранливи категории.
Модната куќа „ZERO“ е најмладата членка на групацијата Фероинвест/Централинвест и деновиве ќе ја објави својата нова колекција за летната сезона која е пред нас.