Земјотресот во Турција нема да ја стресе Македонија, вели експертот Гаревски


Разурната зграда во Дијарбекир, Турција (Фото: Анадолија)

Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски, експерт за земјотресно инженерство. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може да здивне бидејќи во следниот период од неколку месеци не се очекуваат потреси. Нагласува дека земјотресите не може да се предвидат, но земјотрес со поголема јачина не се очекува.