Земјотресот во Турција ги искриви шините


За јачината на земјотресот во Турција, сведочат и искривените пруги во центарот на Караманмарас, еден од градовите кои најмногу страдаа од потресот.

Железничката пруга меѓу Туркоглу во Караманмарас и округот Ислахие во Газиентеп се свиткаа поради земјотресот кој погоди 10 провинции, со што тие станаа неупотребливи.

Стручњакот Ерхан Алтунел, вели дека шините, кое не се оштетени иако преку нив поминуваат тони товар, сега се свиткани.

„Ситуацијата на шините укажува на ослободување енергија. По должина на рамнината долга 250 км и длабочина од 10 км, блоковите од двете страни се движат во спротивни насоки. Ова е огромна моќ. Секако, такви поместувања се случувааѕ кај инженерските објекти изградени на раседи“, вели Алтунел.

За потсетување, рано утрото во понеделникот земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Турција и Сирија, по кој неколку часа подоцна следуваше уште еден исто силен. Се урнаа илјадници згради, болници, училишта и станбени блокови, а илјадници се без дом.