Земјотресите ги поместиле Сисак и Петриња до 86 сантиметри
Државната геодетска управа на Хрватска направи прецизни мерења на подрачјето на Петриња, Глина и Сисак по земјотресите и утврди дека Петриња и Сисак се поместени до 86 сантиметри, соопшти Штабот за цивилна заштита денеска, јави Индекс.
„Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на постојаните точки од геодетската основа пред и по земјотресот, утврдено е дека најголемо поместување покажуваат точките на подрачјето на Петриња и тоа со средни вредности на поместување од 45 сантиметри во насока на југоисток, додека средните вредности на движење на Глина изнесуваат 10 сантиметри кон северозапад, односно 10 сантиметри кон североисток за подрачјето на Сисак.. Исто така, утврдено е поместување од 10 сантиметри (спуштање на тлото) за подрачјето на Глина“, објави Цивилната заштита.
Од разорниот потрес дсо магнитуда од 6,2 степени што се случи на 29 декември 2020 година на подрачјето на Сисак и Петриња следуваа низа средно силни и послаби потреси.
Последниот беше синоќа, 21 минута по полноќ, со епицентар на 9 км од Петриња со магнитуда од 3,4 степени според Рихтер.