Земјотреси во Корча почувствувани во Охрид, Струга и Ресен


Утрово се регистрирани повеќе земјотреси во соседна Албанија, коишто потекнуваат од епицентралното подрачје Корча, на 180 километри југозападно од Скопје.

Најсилниот земјотрес беше во 6 часот и 33 минути со Рихтерова магнитуда 5.0, а беше почувствуван и во Охрид, Струга и Ресен, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во западниот дел на Макeдонија земјотресот беше почувствуван со интензитет од три степени од истата скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.