Земјотрес во Индонезија со јачина 6,5 степени

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени денеска го погоди источниот дел на Индонезија. Како што соопшти Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот е на 37 километри североисточно од градот Амбон во провинцијата Малуку, на длабочина од 29 километри.

Нема податоци за евентуални жртви или штети.