Земјотрес во Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени го погоди јужниот дел од Чиле, соопшти американскиот Геолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Ентре Лагос, на околу 980 километри од Сантијаго, на длабочина од 129 километри.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета, јавија чилеански медиуми.