Земјотрес во близина на Загреб


 

Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10 часот и 4 минути во близина на Загреб, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Како што е објавено на веб-страницата на таа служба, епицентарот бил во близина на Загреб, а интензитетот во епицентарот бил ЕМС од III-IV степен.

Порталот Индекс објави дека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар неколку минути по земјотресот објавил дека епицентарот бил на 10 километри од градот, а првата проценка на јачината била 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Граѓаните во своите коментари изјавија дека слушнале силен татнеж.