Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на Бандското Море во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). 

Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава ЕМСЦ. 

Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ), пренесуваат британските медиуми.