Земјотрес со јачина од 5,7 степени во Истанбул


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди денеска Истанбул.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на околу 70 километри западно од Истанбул во Мраморното море, јужно од градот Силиври.

Два земјотреса, речиси со иста јачина, пред два дена го погодија југозападниот дел на Истанбул.

Првиот земјотрес од 4,7 степени се случи околу 11 часот, на длабочина од околу 10 километри во Мраморното море, а вториот на подрачјето Силиври.