Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ја погоди Индонезија


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа регионот Суматра во Индонезија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 18 километри. Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот Тихоокеанскиот огнен прстен – најсеизмичкиот регион на Земјата, каде често има земјотреси и вулканите еруптираат.