Земјотрес со епицентар од Корча почувствуван во Охрид и Битола


Во 15.01 часот попладнево во Охрид и во Битола е регистриран земјотрес со интензитет од четири, односно три степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатиот дел од државата од два степена.

Епицентарот на земјотресот со Рихтерова магнитуда од 4.7 се наоѓа на 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.