Земјотрес регистриран во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22:02 часот, регистрира земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар, со епицентар 50 километри југозападно од Скопје. Земјотресот беше со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот, како што велат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје, бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.