Земјотрес почувствуван во тетовско-гостиварскиот регион


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. и епицентар на 41 km западно од Скопје е ристриран синоќа во 21:18 часот во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а беше почувствуван од населението на Гостивар, Тетово и околината, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.