Земјотрес почувствуван во Дојран, Гевгелија и околината

Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала утринава во 03 часот и 11 минути е почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината.

-Епицентарот на земјотресот се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.