Земјотрес од 7,1 степен го погоди Мексико, опасност од цунами


 

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтер ја погоди мексиканската држава Оаксака. Земјотресот се почувствувал и во главниот град Мексико Сити.

Мексиканската Национална сеизмолошка служба процени дека се работи за земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер, додека американскиот Геолошки институт забележа земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер.

Земјотрес со ваква јачина се квалификува како опасен и може да предизвика сериозна штета. Како што се наведува, прогласена е и опасност од цунами.

Според очевидци луѓето се во паника и излегле на улица. За сега нема информации за евентуална штета и жртви.