Земјотрес од 6,1 степен според Рихетр на Камчатка


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава кај брегот на полуостровот Камчатка во Русија, соопшти регионалниот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките.

Епицентарот бил во Тихиот Океан, во близина на јужниот брег на полуостровот, на 170 километри од Петропавловск-Камчатски.

Засега нема информации за материјална штета и повредени.