Земјотрес од 5,1 степени по Рихтер ја погоди Аљаска


Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала регистриран е во областа Големо Езеро, северно од Енкориџ на Алјаска.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт по првиот уследил уште еден земјотрес со интензитет од 3,9 степени.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.