Земјотрес од 4,9 степени регистриран во близина на брегот на Албанија


Во Јадранско Море во близина на Тирана синоќа 13 минути по полноќ е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Тирана и 27 километри северозападно од Драч на длабочина од 10 километри.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.