Земјотрес од 3,9 степени во Грција


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција.

Потресот е регистриран во 6:32 часот по локално време, во морската област на 67 километри југоисточно од Карпатос.

Длабочината на земјотресот првично беше проценета на 10 километри. Нема информации за материјална штета или повредени.