Земјотрес на Закинтос, нема повредени


Земјотрес со интензитет од 4,2 степени денеска го погоди грчкиот остров Закинтос во Јонското Море.

Во потресот нема повредени луѓе, ниту е пријавена материјална штета, јавија грчките медиуми.

Епицентарот на потресот бил 63 километри од градот Закинтос, на длабочина од пет километри.