Земјотрес на поширокото подрачје на Сараево


Земјотрес го погоди Сараево утрово околу 9.20 часот, јавуваат босанските медиуми. Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри.

Граѓаните на Сараево и неговата околина пишуваат на страницата на ЕМСЦ дека земјотресот бил почувствуван силно и траел неколку секунди.

„Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се тресеше“, „Два кратки удари, неполни четири секунди“, „Кратко, но јасно“, „Навистина се тресеше во Сараево“.

Засега нема информации за материјална штета.