Земјотрес на границата Македонија, Косово, Србија – 3 степени според Европската скала


Земјотрес вечерва е почувствуван во Македонија, Косово и Србија.

Според првиучните податоците бил регистриран на границата меѓу Македонија, Србија и Косово, a е регистриран во 20 часот и 35 минути според локално време.

Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ.

Земјотресот почувствуван и кај дел од жителите на Скопје, за што сведочат дестина коментари од жители на неколку скопски населби. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва соопшти дека земјотресот е регистриран во 20 часот и 35 минути и е почувствуван од населението на градот Скопје и околината. 

Земјотресот е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. 

 

 – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 04.11.2024 година, во 20 часот и 35 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.