Земјотрес кај Петриња


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер утрово ги разбуди жителите на хрватска Петриња. Тресењето се почувствувало во Сисак, Петриња, Глина и околните места.

„Утрово, 1 јуни 2021 година, во 5.07 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен потрес кај Петриња. Магнитудата на потресот изнесуваше 3,6 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот е IV-V степени по ЕМС табелата“, извести Сеизмолошката служба.

Како што пишува „Вечерњи лист“, жителите на Сисак ги разбудило земјотрес кој доста силно бил почувствуван.

„Пукна јако и затресе неколку секунди„, напиѓа корисник на ЕМСЦ страницата од Петриња. „Силен потрес, траеше 7-8 секунди… изненадувачки по доста вре,е најсилен“, напиша друг.

За сега нема информации за повреди или материјална штета.

Кон крајот на 2020 година ова подрачје на Хрватска го погоди разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени.