Земјоделството и шумарството може да придонесат за исполнување на амбициозните цели на ЕУ за животната средина

На сите земји кои се членки на Европската унија, како и кандидатите за членство во Унијата, вклучително и нашата земја, во наредниот период во фокусот треба да им биде заедничката земјоделска политика и меѓусебна помош, решавање на се поголемото климатско влијание врз земјоделството и воведувањето нови технологии кои ќе бидат применливи.
Ова е заклучокот од 45. Конференција на директори на платежните агенции во ЕУ, што се оддржа во Букурешт, а на која учествуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, неговиот заменик Авдул Селам Селами, како и претставници од Агенцијата.
Како што соопштија од Платежната агенција, македонската делегација  предводена од директорот  Бабовски, активно учествуваше на форумот и оствари повеќе неформални, билатерални средби кои се од клучно значење за Република Северна Македонија на патот кон Европската унија.
Дел од претставниците на Европската Унија порачаа дека сите земји членки, вклучувајќи ги и земјите кандидатки треба да се фокусираат кон производство на поздрава храна, односно поголем број органски производи како и користење на потенцијалот за обновливи извори на енергија.
Директорот Бабовски, рече дека искуствата и помошта што ја добиваме од земјите членки на ЕУ е од огромно значење за нашата земја.
-Aгенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работи на прилагодување и унапредување на капацитетите, со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро-секторот. Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значeње за сите нас. Само со осовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии домашниот агро-сектор може да се развива и унапредува. Европските фондови, како и ИПАРД Програмите се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети, рече Бабовски.
Претседателот на Советот и министер за земјоделство и рурален развој на Романија, Петре Даеа, истакна дека потребна е чиста планета и здрава храна за сите.
-Минатата недела, во Сибиу, нашите водачи ја потврдија важноста на унитарниот пристап кон климатските промени. Иако главната цел на земјоделството е да обезбеди безбедност на храна во Европа, земјоделството и шумарството може да придонесат за исполнување на амбициозните цели на ЕУ за животната средина. Денес, разговаравме како можеме да ги охрабриме и да ги подготвиме нашите земјоделци да се соочат со овој предизвик , рече Даеа.
Претставниците на 45. Конференција на директори на платежните агенции во Европската унија  имаат можност да ги изразат своите ставови и да размислуваат за чувствителни прашања, како и за приоритетите и придобивките за земјоделството на ЕУ. Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување.
Конференцијата на директори на платежни агенции во Европската унија е настан што се одржува два пати годишно во рамките на ротирачкото претседателство на Советот, посветен пред се, на директори на платежни агенции на сите земји-членки на ЕУ и земјите кандидати.
loading...