Земјите-членки на ЕУ евакуираа 1.000 пациенти од Украина


 

Белгија – Европската Унија евакуираше 1.000 пациенти од украински болници бидејќи здравствениот систем на земјата е под зголемен притисок поради руската инвазија, јави ДПА.

ЕУ ги зајакнува операциите „за да и помогне на Украина да се справи со зголемените медицински потреби“, изјави денеска европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.

„Од март, во раните фази на руската инвазија, Унијата ги координираше медицинските трансфери за пациенти од украинските болници до болници во ЕУ“, се вели во соопштението на Комисијата.

Досега 18 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Белгија, Луксембург и Полска ги згрижија 1.000 пациенти, според податоците на Европската комисија.