Земјата оптоварена со секс реши да поработи на имиџот

Во Јапонија два водечки синџири супермаркети ќе ги тргнат магазините за возрасни од полиците, заради претстојното светско првенство во рагби, а и заради олимписките игри.
Додека Јапонија се занимава со ревизија на својот јавен имиџ, предвидувајќи рекордна година која се во прашање туристичките бројки, маркетите поминуваат низ сопствен процес на прочистување.
Имено, маркетите „Севен-елевен“ и „Лосон Инк.“ ги тргнаа од своите полици порнографските материјали за продажба.
„Севен-елевен“ е прв синџир кој изјави дека повеќе нема да складираат вакви магазини, најмногу поради тоа што супермаркетите станале важна локација која ја посетуваат семејства, а претстојните спортски случувања се одлична прилика за промена на сликата за полноќните драгстори.
„Лосон Инк.“ исто така, донесе одлука да престане со продажба на порнографски содржини во речиси сите 14 илјади драгстори.
Инаку, во Јапонија порнографија може да купат само лица постари од 20 години, а магазините се лесно достапни – може да се купат во киосци и во продавници, па со самото тоа културата на секс и нејзината јавна достапност во Јапонија може да биде голем шок за странските посетители.