Земањето кредит станува сѐ поскапо, во јануари просечната камата на новите кредит достигнала 5,07 отсто


Во јануари  годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесуваше 4,98 проценти, што претставува месечен и годишен раст од 0,54 п.п. и 0,63 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, оствари месечно и годишно зголемување од 0,07 п.п. и 0,22 п.п., соодветно и изнесува 0,93 проценти, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

 

Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 1,35%. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити со и без
валутна клаузула (за 0,27 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад (за 0,25 п.п.). Kаматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 0,47 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, во јануари, се намали за 0,09 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 1,00 процент. Притоа, надолната промена се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,50 п.п. и 0,23 п.п., соодветно), во услови на остварен месечен раст на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.). Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка оствари зголемување од 0,58 п.п. Овој месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,34%, што претставува месечен раст од 0,33 п.п. Од аспект на валутната структура, зголемувањето е резултат на растот кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,46 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,35 п.п. и 0,30 п.п., соодветно). Во однос на јануари 2022 година, оваа каматна стапка е повисока за 0,18 п.п.

 

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во јануари, забележа месечен раст од 0,48 п.п. и изнесува 4,86%. Зголемувањето на месечна основа е резултат на растот на каматните стапки на кредитите во странска
валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 1,90 п.п. и 0,73 п.п., соодветно), во услови на минимален раст и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на
новоодобрените кредити на домаќинствата бележи годишно зголемување од 0,46 п.п. 
Во јануари, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена за 0,07 п.п. во однос на декември и изнесува 0,88%. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки кај сите категории: денарските депозити со валутна клаузула, депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,20 п.п., 0,09 п.п. и 0,05 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари зголемување од 0,18 п.п.

‒ Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јануари, оствари месечно зголемување од 0,31 п.п. и изнесува 1,71 отсто. Притоа, растот се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула
и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,41 п.п. и 0,29 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи раст од 1,13 п.п. на годишна основа.