Зеленски шокира со подарокот што му го донесе на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше специјален подарок за Доналд Трамп за време на неговата посета на Белата куќа


Украинскиот претседател го донесе светскиот појас во тешка категорија на Олександр Усик во Овалната соба пред клучниот состанок кој заврши со кавга меѓу Зеленски, Трамп и Џеј Ди Венс.

Зеленски го поздрави Трамп на влезот во Белата куќа и му подаде рака пред средбата. Кога влегле, членовите на неговата придружба биле видени како го носат неприкосновениот појас на ВБЦ, кој Усик го освои во борбата против Тајсон Фјури минатата година, пишува The Sun.

Навивачите на боксот беа збунети кога го забележаа појасот потпрен на маса додека двајцата лидери зборуваа пред насобраните новинари.

Трамп го исфрли Зеленски од Белата куќа
По тензичните преговори, Трамп го избрка Зеленски од Белата куќа, велејќи дека искажал „непочитување“. Разговорите пропаднаа по драматичната расправија меѓу Зеленски, Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс.

Патем, украинскиот боксерски херој Усик може да се пофали со рекорд каде е неприкосновен и непоразен со 23-0, а  14 од неговите победи завршија со нокаут.

Боксерот им се придружува на војниците на фронтот
На почетокот на руската инвазија на Украина пред три години, Усик им се придружил на војниците на фронтот.

38-годишниот Усик беше обединет светски шампион во две тежински класи – прво во крузер, пред да се искачи во тешка категорија во 2020 година. Тој двапати го победи Ентони Џошуа, како и Даниел Дубоа, Дерек Чисора и Тајсон Фјури, со што се зацврсти како еден од најдобрите боксери на сите времиња.

Светскиот шампион повторно го совлада Фјури во декември минатата година, задржувајќи ги појасите во Ријад.

Сепак, тој веќе размислува да се повлече од боксот. Запрашан за можното пензионирање, тој изјави за Скај Спорт: „Мислам дека ми остануваат уште две години, можеби година и пол во боксот. Се чувствувам одлично, но мислам дека ми остануваат само уште две борби – не повеќе, само две“, рече боксерот.