Зеленски: Русија планира со напади со дронови да ја исцрпи Украина


Во потрага по преживеани во погодената зграда од ирански дрон во Киев (Фото: АП)

Русија планира долгорочна офанзивна кампања со ирански беспилотни летала за „исцрпување“ на Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Имаме информации дека Русија планира долгорочни напади користејќи беспилотни летала Шахед, за исцпрпување на нашиот народ, нашата воздушна одбрана, нашата енергија“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

Тој уште истакна дека Украина мора „да дејствува и да направи се за терористите да не успеат во својата цел, како што не успеаја и во другите цели“.

Последните неколку месеци Русија користи ирански беспилотни летала за напади насочени кон онеспособување на енергетската инфраструктура на Украина.

Техеран негира дека Русија користи ирански дронови.