Зеленски предлага национален пантеон за украинските херои
Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон до парламентот за воспоставување национален пантеон во чест на хероите на земјата, јави ДПА.
„Денеска, до парламентот поднесов закон за украински национален пантеон“, рече Зеленски вчера во обраќањето по повод Денот на уставот.
„Имињата на сите херои, низ различни векови и епохи, кои се бореле за Украина и ја инспирирале Украина ќе бидат собрани заедно и засекогаш врежани во нашата историја“, рече претседателот.
„Никој никогаш повеќе нема да им диктира на Украинците кои херои треба да ги почитуваат, кои празници треба да ги одбележуваат или која историја треба да ја учат“, додаде Кирило Буданов, шеф на претседателскиот кабинет на Зеленски, пренесен од германската агенција.
„Нашите предци се бореа со векови за ова право на слободно самоопределување и национална независност, и токму за тоа нашите војници ја пролеваат својата крв денес“, рече Буданов.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац претходно во заедничка изјава објавија дека израелската војска уништила тунел долг 200 метри што го користела Хезболах во јужниот либански град Мајдал Зун. Во него биле пронајдени стотици оружја и лансери.
Повикувањето на самоопределување е сфатено и како удар кон соседна Полска, чиј претседател, Карол Навроцки, го поништи високо рангираниот орден доделен на Зеленски поради спор околу историјата.
Спомен-местото треба да се изгради во Киев, пренесува ДПА.