Зеленски: Ни треба уште „малку време“ за контрафоанзива


 

На Украина ѝ треба уште „малку време“ пред да ја започне својата долгоочекувана контраофанзива, бидејќи силите на Киев го чекаат пристигнувањето на повеќе оружје од нивните западни сојузници, рече претседателот Володимир Зеленски.

„Со [тоа што го имаме] можеме да одиме напред и да бидеме успешни“, рече Зеленски за европските јавни радиодифузни сервиси во интервјуто објавено во четвртокот. „Но, ќе изгубиме многу луѓе. Мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме. Ни треба уште малку време“.

Меѓу залихите што Украина ги чека се оклопни возила, вклучително и тенкови, за кои Зеленски рече дека „пристигнуваат во серии“.

Тие вклучуваат германски „Леопард 2“ и британските „Челинџер 2с“, заедно со други оклопни возила како американските „Бредли“ и „Страјкер“.

Коментарите на Зеленски дојдоа еден ден откако САД објавија нов пакет помош од 1,2 милијарди долари за Украина, наменета за зајакнување на воздушната одбрана и одржување на испораките на муниција.

„Сè уште очекуваме некои работи. Тие ќе ја засилат нашата контраофанзива и што е најважно, ќе го заштитат нашиот народ“, рече тој. „Очекуваме оклопни возила, тие пристигнуваат во серии“.

Сепак, Зеленски рече дека украинските сили се подготвени.

„Ментално, ние сме подготвени; во однос на тоа колку е мотивирана нашата војска, ние сме подготвени; во однос на доволно персонал и нашите бригади, ние сме подготвени“, рече тој. „Во однос на опремата, уште не е пристигнато сѐ“.