Зеленски на Михенската конференција: „Мора да го победиме Голијат“
Украинскиот претседател го започнa својот говор на Минхенската безбедносна конференција што беше отворена денеска со мала маневарска критика. Панелот на кој зборуваше Зеленски е наречен „Давид на Днепар“, заснован на библиската парабола за Давид како го победи надмоќниот Голијат со праќка. Зеленски вели дека името не одговара на размерите на војната и заканата. Загрозена е не само Украина, туку и целиот континент. Во опасност не е само реките Днепар, туку и Темза и Шпреа“, рече Зеленски.
И тој останува во оваа метафора. За Украина да има шанса, потребна ѝ е праќка. Украина сè уште не ја добила. Но, тоа сепак може да се промени“, рече Зеленски во видеообраќањето од Киев пред шефовите на држави и присутните дипломати. Некои ги поздравуваше со нивните имиња, ги спомнуваше САД, Франција, а потоа му рече на германскиот канцелар: „Олаф е тука“. Тој и другите споменати треба да го сфатат ова како повик да се продолжи со испораката на борбени авиони за кои се разговараше.
„Мораме да го победиме Голијат“, вели Зеленски. „Давид може да биде пример за западната алијанса. Во тоа време тој со својата храброст го победи Голијат. На Украина ѝ треба оваа храброст и праќка во борбата против Русија“.