Зеленски ќе се обрати ѝ на Сан Ремо?


Италија – За време на преносот на последната вечер на на познатиот италијански фестивал на поп-песни во Сан Ремо, кој директно се прикажува на Италијанската државна телевизија, но и во други земји, кој ќе се одржи од 7 до 11 февруари, како што беше претходно договорено, Володимир Зеленски ќе им се обрати на гледачите преку видео врска. Според соопштението, Зеленски изразил желба да пренесе порака за мир.

Одлуката на организаторите на фестивалот предизвика критики, особено кај италијанските интелектуалци, дипломати, новинари и уметници. Тие се против планираното учество на украинскиот претседател на овој настан.

Музиката не смее да се меша со воена пропаганда“, пишува во петицијата против „милитаризацијата“ на фестивалот, пренесува РТС.

„Војната не е спектакл. Посебно не во програмата на музичкиот фестивал“, изјави актерката и музичар Мони Овадија.

„Во средината на музичката програма, Зеленски ќе бара оружје, топови и тенкови, што е несоодветно за музички фестивал“, додаде ТВ водителот Марио Џордано.

Барајќи меѓународна поддршка за својата опколена земја, поранешниот актер и комичар Зеленски ги користи сите социјални мрежи, платформи и медиуми и често и се обраќа на публиката преку видеа, што веќе стана негов начин.