Зеленски испрати иста порака до светските лидери по обвинувањата на Џеј-Ди Венс за неблагодарност


За време на вчерашната хаотична средба меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, еден од моментите што привлече најголемо внимание беше забелешката на потпретседателот Џеј Ди Венс.

Среде жестока расправија, Венс интервенираше и го праша Зеленски: „Дали барем еднаш му кажа благодарност?

Украинскиот претседател јавно им се заблагодари на САД за поддршката со години, а Венс подоцна појасни дека неговото прашање се однесува само на таа средба. Но, Зеленски оттогаш неколкупати ја истакна својата благодарност.

По средбата, тој одговори на низата објави на светските лидери и високи функционери кои му изразија поддршка, пишувајќи „Ви благодариме за поддршката“, со точка на крајот. Истиот одговор го испратил на вкупно 38 пораки.

Серијата одговори следеше веднаш по неговата објава во која тој напиша: „Благодарам Америка, благодарам за поддршката, благодарам за оваа посета. Благодарам претседателе на САД, Конгресот и американскиот народ“. Во своите најнови објави утринава, Зеленски повтори дека Украина е „многу благодарна“ на САД и дека тие се „навистина благодарни“. Ние сакаме само силни односи со Америка и навистина се надевам дека ќе ги имаме“, додаде украинскиот претседател.