Зеленски го смени командантот на Силите за специјални операции


Виктор Хоренко

 

Претседателот на Украина Владимир Зеленски потпиша указ за поставувањеа нов командант на Силите за специјални операции (ССО) на вооружените сили на Украина со што е сменет досегашниот прв човек Виктор Хоренко. На оваа функција е назначен Сергеј Лупанчук.

Хоренко беше на чело на ССО од јули 2022 година.

Написот на Симон Шустер во „Тајм“, кој предизвика огромна резонанца, цитирајќи извори, зборуваше за претстојните промени во украинското раководство. Наводно, тврдеа соговорниците на публикацијата, еден од министрите и еден од високите генерали ќе бидат отпуштени – тие ќе бидат одговорни за „бавен напредок на фронтот“ за време на контраофанзивата.

Силите за специјални операции се посебна гранка на украинските вооружени сили. „Ние спроведуваме уникатни операции во Украина и во странство. Работиме на тактичко, оперативно и стратешко ниво. Резултатите од нашите задачи не чекаат долго. Сега не можеме да откриеме многу, но во иднина, мислам дека може да се напишат неколку книги за успешните операции на ССО“, рече Хоренко во интервјуто објавено на 31 октомври.