Зеленски го смени командантот на авијацијата по паѓањето на авионот „Ф-16“


 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Микола Олешчук, врховен командант на украинските воздухопловни сили. Декретот е објавен на веб-страницата на Кабинетот на украинскиот претседател.

Можна причина за оставката е падот на првиот американски борбен авион „Ф-16“. Може да се урнал поради пријателски оган, изјави извор од воздухопловните сили на земјата за Гласот на Америка еден ден претходно. Пратеничката на Врховната рада, Марјана Безуглаја, истакна дека „Ф-16“ бил соборен од комплекс „Патриот“ поради губење на координацијата меѓу единиците.

Претходно, Генералштабот на вооружените сили на Украина ја потврди загубата на леталото и смртта на пилотот. „При одбивање на ракетен напад од Русија на територијата на Украина, користени се ловци ‘Ф-16’ на вооружените сили на Украина заедно со единиците на противвоздушните ракетни сили. При излезот кон следната цел, комуникација со еден од авионите се изгуби како што се испостави подоцна, авионот се урна, пилотот загина“, се вели во соопштението.

Претходно, американски функционер за „Волстрит џорнал“ изјави дека причина за несреќата е грешка на пилотот.