Зеленски: Досега соборивме 250 руски хеликоптери


Соборен руски хеликоптер на аеродромот во Хостомел

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери во текот на војната.

Зеленски го изјави ова во своето последно национално обраќање во средата навечер:

„Вкупниот број на соборени руски хеликоптери веќе се приближува до 250. Руските окупатори веќе изгубија исто толку опрема – авиони и друго – колку што повеќето од светските армии едноставно немаат и никогаш нема да имаат во служба. Русија нема да може да ги врати овие загуби. Им благодарам на сите наши борци за таквата постепена и неповратна демилитаризација на непријателот“.

Со денешното ажурирање на руските загуби од страна на укранскиот Генералштаб се наведува дека Русија загубила еден хеликоптер во претходниот ден, со што вкупната бројка е 249. Русија има загубено 271 авион. Во последниот ден, како што тврди Киев, биле убиени 320 руски војници, со што вкупната бројка на загинатите изнесува 69.220 лица. Нема независна потврда за овие бројки што ги соопштува Киев.